Линкови за пристапност

Дискусии во НАТО за предлогот за креирање фонд од 100 милијарди долари за поддршка на Украина


Конечната одлука за предлогот нема да дојде додека шефовите на држави на НАТО не се состанат на Самитот во јули.
Конечната одлука за предлогот нема да дојде додека шефовите на држави на НАТО не се состанат на Самитот во јули.

Министрите за надворешни работи на НАТО на состанокот во среда во Брисел се очекува да разговараат за предлогот за креирање фонд од 100 милијарди долари за поддршка на војската на Украина.

Планот, изнесен од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така вклучува и подиректно вклучување на НАТО во координирањето на воената помош што ја обезбедуваат земјите-членки, улога што ја исполни коалицијата предводена од САД од повеќе од 50 земји.

Конечната одлука за предлогот нема да дојде додека шефовите на држави на НАТО не се состанат на Самитот во јули.

Пред разговорите во Брисел, американскиот државен секретар Антони Блинкен ги обнови повиците до Конгресот на САД да усвои воена помош за Украина за време на посетата на одбранбениот објект во Париз со францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну.

„Се разбира, Украина - за која многумина предвидуваа дека ќе падне за неколку дена - продолжува да стои силна. Но, ние сме во критичен момент, каде што е апсолутно суштинско да им се обезбеди на Украинците она што и понатаму им треба за да се одбранат, особено кога станува збор за муниција и противвоздушна одбрана. Значи, постои краткорочен предизвик на кој работиме заедно. Тоа е уште една причина зошто на барањето за дополнителен буџет што претседателот Бајден го упати до Конгресот мора да се исполни што е можно побрзо“, изјави државниот секретар на САД Антони Блинкен.

Конгресот допрва треба да го одобри барањето за дополнителен буџет на администрацијата на Бајден, кое ќе обезбеди помош за снабдување на вооружените сили на Украина и ќе помогне на земјата да се одбрани од руските офанзиви.

Бајден го повика Претставничкиот дом на САД, предводен од републиканците, да го одобри пакетот за воена и финансиска помош.

Републиканците во Претставничкиот дом ја одложија акцијата за тоа со месеци, давајќи им приоритет на домашните прашања.

XS
SM
MD
LG