Линкови за пристапност

Монтана ќе стане првата сојузна држава што ќе го забрани ТикТок


Гувернерот рече дека предлог-законот ќе го продолжи „нашиот заеднички приоритет да ги заштитиме Монтананците од надзорот на кинеската Комунистичка партија“
Гувернерот рече дека предлог-законот ќе го продолжи „нашиот заеднички приоритет да ги заштитиме Монтананците од надзорот на кинеската Комунистичка партија“

Гувернерот на Монтана Грег Џанфорте потпиша закон за забрана на ТикТок во кинеска сопственост, што ја прави првата американска сојузна држава што ја забрани популарната апликација за кратко видео.

Монтана ќе го направи незаконско за продавниците за апликации на Гугл и Епл да ја нудат апликацијата ТикТок во нејзините граници. Забраната стапува на сила на први јануари 2024 година.

ТикТок, кој има над 150 милиони американски корисници, се соочува со зголемени повици од американски законодавци и државни службеници да ја забранат апликацијата на национално ниво поради загриженоста за потенцијалното влијание на кинеската влада врз платформата.

Гувернерот рече дека предлог-законот ќе го продолжи „нашиот заеднички приоритет да ги заштитиме Монтананците од надзорот на кинеската Комунистичка партија“.

ТикТок, во сопственост на кинеската технолошка компанија ByteDance, во изјавата рече дека нацрт-законот „ги нарушува правата согласно првиот амандман на жителите на Монтана со незаконско забранување на ТикТок, додавајќи дека тие „ќе ги бранат правата на нашите корисници внатре и надвор од Монтана. "

Компанијата претходно негираше дека некогаш споделила податоци со кинеската влада и рече дека компанијата нема да го стори тоа доколку биде побарано.

Монтана, која има население од нешто повеќе од еден милион луѓе, рече дека ТикТок може да се соочи со казни за секое прекршување и дополнителни парични казни од 10.000 долари дневно доколку ја прекршат забраната.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG