Линкови за пристапност

Белата куќа го поддржа Конгресот да го забрани ТикТок


Бидејќи станува збор за безбедноста на Американците, бараме од Конгресот да продолжи со ова двопартиско законодавство, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер
Бидејќи станува збор за безбедноста на Американците, бараме од Конгресот да продолжи со ова двопартиско законодавство, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер

Белата куќа ја поддржа предложената легислатива со која би се забранила апликацијата ТикТок поради загриженоста за безбедноста на податоците на 100 милиони Американци кои ја користат трендовската видеоплатформа.

„Заклучокот е дека кога станува збор за потенцијалните закани за нашата национална безбедност, кога станува збор за безбедноста на Американците, кога станува збор за приватноста, ќе зборуваме и ќе бидеме многу јасни, а тоа беше претседателот во последните две години“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

„И затоа, бараме од Конгресот да дејствува, бараме од Конгресот да продолжи со ова двопартиско законодавство“, рече Жан-Пјер.

На прашањето дали администрацијата има конкретни докази дека платформата злонамерно ги користела податоците, таа укажа на тековната студија на Комитетот за странски инвестиции во САД.

Комитетот за странски инвестиции во САД е меѓуагенциска комисија која прегледува одредени трансакции кои вклучуваат странски инвестиции и грижи за националната безбедност.

Вчера, и Велика Британија ја забрани употребата на апликацијата на владини уреди - потег што веќе го наметнаа САД, Европската унија, Канада и Индија.

И во САД, други ентитети, како што се универзитетите, ја забранија употребата на апликацијата на нивните мрежи.

Дел од информациите се преземени од Ројтерс

XS
SM
MD
LG