Линкови за пристапност

Претставничкиот дом го забрани ТикТок на службените уреди


Апликацијата се смета за висок ризик поради голем број безбедносни прашања, изјави административниот директор на Претставничкиот дом во пораката испратена до сите законодавци и до персоналот
Апликацијата се смета за висок ризик поради голем број безбедносни прашања, изјави административниот директор на Претставничкиот дом во пораката испратена до сите законодавци и до персоналот

Популарната кинеска видеоапликација ТикТок е забранета од сите уреди кои се користат во Претставничкиот дом на САД. Согласно закон, кој наскоро треба да стапи во сила, апликацијата ќе се забрани на сите владини уреди на САД.

Апликацијата се смета за „висок ризик поради голем број безбедносни прашања“, рече главниот административен директор на Претставничкиот дом во пораката испратена до сите законодавци и до персоналот, и мора да биде избришана од сите уреди со кои управува Претставничкиот дом.

Почнувајќи од минатата недела, 19 сојузни држави барем делумно ја блокираа апликацијата од владините уреди поради загриженоста дека кинеската влада може да ја користи апликацијата за следење на Американците и цензурирање на содржината.

Во пораката до персоналот се вели дека секој што има ТикТок на нивниот уред ќе биде контактиран за негово отстранување, а идните преземања на апликацијата се забранети.

ТикТок не одговори веднаш на барањето за коментар за новото правило.

Американските законодавци дадоа предлог за спроведување на национална забрана за апликацијата.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG