Линкови за пристапност

Поранешниот шеф на кампањата на Трамп бил прислушуван


Пол Манафорт беше принуден да даде оставка по извештаите за неговите деловни врски со поранешниот украински претседател Јанукович

Американските истражители под таен судски налог издаден пред минатогодишните избори, го прислушувале поранешниот шеф на кампањата на претседателот Доналд Трамп, Пол Манафорт, а со следењето продолжиле и по изборите, се вели во извештај на ТВ-мрежата „Си-Ен-Ен“ (CNN).

Одвоено, весникот „Њујорк тајмс“ објави дека федералните агенти ги земале бравите од домот на Манафорт за време на рација спроведена летово, пред да му соопштат дека ќе биде обвинет, иако тие специфично не ги навеле обвиненијата.

Манафорт беше менаџер на кампањата на Трамп во период од два месеца, летото 2016-та година, но беше принуден да поднесе оставка по извештаите за неговите деловни врски со поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.

Според „Си-Ен-Ен“, прислушувањето на Манафорт започнало во 2014-та година, кога тој бил предмет на истрага од страна на ФБИ во врска со неговите консултантски услуги на украинската владејачка партија.

Прислушувањето било прекинато во 2016-та година поради недостиг на докази, но било обновено подоцна истата година и продолжило барем до почетокот на 2017-та.

Истиот извор наведува дека обновениот налог бил поврзан со истрагата на ФБИ за врските меѓу кампањата на Трамп и Русија.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно го обвини Барак Обама дека ја прислушувал Кулата Трамп во Њујорк. Иако Манафорт поседува стан на истата локација, не е јасно дали тој бил прислушуван и таму.

ФБИ и Одделот за национална безбедност потврдија дека немаат снимки од прислушувани разговори од Кулата Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG