Линкови за пристапност

Белата куќа против наводите за соработка со Русија


Претседателската кампања немала соработка на каков било начин, соопшти Белата куќа

Весникот „Њујорк тајмс“ објави дека лицето кое ја организирало минатогодишната средба меѓу Доналд Трамп Јуниор и руската адвокатка, во електронска пошта испратена до Трамп, наведува дека руската влада е извор на информации што би можеле да и` наштетат на кампањата на Хилари Клинтон.

Весникот објави дека нивната приказна е заснована на информации од три лица кои знаат за електронската пошта, и дека во пораката од публицистот Роб Голдстоун до Трамп, се вели дека материјалите се дел од напорите на руската влада да му помогне на неговиот татко, Доналд Трамп да ја порази Клинтон.

Состанокот од минатиот јуни со руската адвокатка Наталија Веселницкаја, очигледно бил првиот контакт меѓу високи претставници на кампањата на Трамп и Русија за време на кампањата, и се случил само на две недели откако Трамп ја доби републиканската номинација, неколку недели пред Викиликс да објави пораки штетни за Клинтон

Алан Футерфас, адвокат на Доналд Трамп Јуниор, ја отфрли приказната на „Њујорк тајмс“ како „многу врева за ништо“.

Претходно, Белата куќа започна со контра-офанзива против наводите дека состанокот бил дел од обидите за соработка со Кремљ. На состанокот исто така учествувале зетот и советник на претседателот Трамп, Џаред Кушнер и тогашниот менаџер на кампањата, Пол Манафорт.

„Претседателската кампања немала соработка на било каков начин“ кажа заменик портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс.

Негирањата не ги смири опозициските демократи, кои велат дека состанокот треба да биде темелно истражен, како и неколку други контакти меѓу кампањата Трамп и руските официјални лица.

Сенаторот Марк Ворнер, највисокиот демократ во Комисијата за разузнавање во Сенатот, рече дека тој сака да разговара со Доналд Трамп Јуниор и за неговиот разговор со Веселницкаја.

Сенатската и Комисиите за разузнавање во Претставничкиот дом и Сенатот, спроведуваат независни истраги за постоење на можна соработка

Доналд Трамп Јуниор, во Твитер порака рече дека ќе биде „среќен да работи со Комисијата за да го пренесе она што го знае.“

Лидерот на малцинството во Сенатот Чак Шумер, нагласи дека американските разузнавачки агенции едногласно заклучиле дека руското мешање во претседателските избори било раководено од највисоко ниво.

Од Кремљ соопштија дека не знаеле за состанокот на Трамп Јуниор со Веселницкаја. Портпаролот Дмитриј Песков рече дека од Кремљ не ја знаат Веселницкаја и дека „не може да го следат“ секој руски адвокат и нивните контакти во странство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG