Линкови за пристапност

ФБИ изврши претрес во домот на Манафорт


Претресот е дел од криминалната истрага на специјалниот истражител Роберт Мулер, за наводни врски на кампањата на Трамп со Русија

Агенти на ФБИ направиле претрес во домот на поранешниот шеф на кампањата на претседателот Доналд Трамп минатиот месец, со што ја интензивираа истрагата за руското мешање во минатогодишните претседателски избори.

Агентите на ФБИ извршиле претрес, откако Пол Манафорт, доброволно се сретна со членови од Сенатската комисија за разузнавање, еден од неколкуте конгресни панели кои што истражуваат евентуални врски меѓу кампањата на Трамп и руски официјални лица, кои имале информации кои што ќе му помогнале за изборите во ноември.

Манафорт е долгогодишен републикански политички оперативец, со длабоки финансиски врски со Русија и со Украина.

Претресот во неговиот дом е дел од криминалната истрага на специјалниот истражител Роберт Мулер, за тоа дали кампањата на Трамп имала врски со Москва, која наводно сакала да влијае врз исходот на изборите во САД.

Претседателот Трамп неколкупати истрагата за руската вмешаност во изборите во САД ја нарече „лов на вештетки“ и изговор на демократите за поразот на Хилари Клинтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG