Линкови за пристапност

Втор ден распит на Кушнер


Зетот на претседателот Трамп, вчера јавно негираше дека соработувал со Русија

Џаред Кушнер, зет и советник на претседателот Доналд Трамп, втор ден се соочува со распит во Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом, како дел од истрагата за наводното руско мешање во изборите во САД.

Тој вчера имаше распит зад затворени врати во Сенатската комисија за разузнавање, по што јавно негираше дека тој, или кој било друг од кампањата на Трамп, имал несоодветни контакти со Русија, а кои влијаеле врз ланските избори.

Претседателот Трамп, на Твитер, изрази задоволство за она што Кушнер го изјави вчера.

Синот на Трамп Доналд Трамп Јуниор, како и поранешниот менаџер на кампањата Пол Манафорт, исто така се на сослушување во Комисијата за правосудство во Сенатот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG