Линкови за пристапност

Македонски учесници на Конференцијата против СИДА-та во Вашингтон


Македонски учесници на Конференцијата против СИДА-та во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00
Direct link

Македонски учесници на Конференцијата против СИДА-та во Вашингтон

Акцент на антиретровирусната терапија; предрасудите проблем исто колку и болеста.

Научници, политичари, активисти деновиве на меѓународна ­конференција во центарот на Вашингтон бараат поефикасни начини во борбата против СИДА-та.

„Се добива впечаток на овој собир дека проблемот со вирусот ХИВ е надминат. Тоа не е точно“, предупредува Драшко Костовски, програмскиот директор на невладината организација за здравствена едукација и истражување ХЕРА од Скопје, кој учествува на собирот. Наведува низа примери кои ја кочат борбата: држави во кои инфицираноста со вирусот ХИВ е криминал што може да го однесе болниот зад решетки, држави што забрануваат дистрибуција на кондоми; оние каде се ограничува антиретровирусната терапија.

Пристапот дo антиретровирусна терапија треба да биде на прво место
Драшко Костовски, програмскиот директор на невладината организација за здравствена едукација и истражување ХЕРА

„Оваа конференција испраќа порака да се продолжи со политичка и финансиска поддршка на овој проблем затоа што сме на средина; ако сега се откажаме, ќе се вратиме во состојбите кои се случуваа во 80-тите и 90-тите. Особено е значаен фактот што медицината и научните пристапи одат напред. На оваа конференција беше најавено дека антиретровирусната терапија може да се користи како превенција во комбинација со лекот трувада кој е препишан од американската федерална Агенција за храна и лекови. Пристапот дo антиретровирусна терапија треба да биде на прво место“, вели Костовски.

Тој смета дека подеднаков голем проблем со СИДА-та се предрасудите и дискриминацијата поврзани со болеста.

Неговиот колега Андреј Сених е дел од тимот во ХЕРА - одговорен за лицата со вирусот ХИВ кои живеат во Македонија.

Многумина имаат проблем со пронаоѓање матичен лекар ...
Андреј Сених од тимот во ХЕРА - одговорен за лицата со вирусот ХИВ кои живеат во Македонија

„Можам да кажам дека, за жал, стигмата и дискриминацијата во Македонија се` уште ги спречува тие лица да имаат отворен начин на живеење со заедницата. Многумина имаат проблем со пронаоѓање матичен лекар, со одбивање на здравствена услуга, стоматолошки или друг вид на хируршки зафат. Повеќето инфицирани со ХИВ биле дискриминирани од работодавецот на своите работни места“, вели Сених.

Првиот случај на СИДА во Македонија е регистриран во 1987-ма. Оттогаш, официјално, има 151 инфицирани, од кои 69 починале, според информациите на Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

ОН проценуваат дека 34 милиони лица во светот живеат со вирусот на чумата на 21-от век.
XS
SM
MD
LG