Линкови за пристапност

Глобална конференција за СИДА во Вашингтон


Собирот беше отворен со повик до светските влади да продолжат со финансирање на програмите и покрај лимитираните буџети

Меѓународната конференција за СИДА во Вашингтон ќе биде фокусирана на истражување, одговор и партнерство во борбата за справување со оваа болест.

Биеналната конференција почна во неделата со повик до владите да продолжат со финансирањето на програмите за искоренување на СИДА-та иако се соочуваат со ограничени буџети.

ОН проценија дека 34 милиони луѓе живеат со вирусот ХИВ и 1, 7 милион починаа од болеста во 2011-та.

На конференцијата со работен наслов: „Да ја свртиме плимата заедно“ се очекува да привлече повеќе од 20.000 посетители.

Ова е прв пат во 22 години, САД да се домаќини на конференцијата, откако претседателот Обама ја укина забраната инфицирани од вирусот ХИВ да влегуваат во земјата.
XS
SM
MD
LG