ОраКвик користи брис од уста и дава резултат за 20 минути.
Панелот вели дека ОраКвик коректно идентификувал ХИВ-позитивни луѓе во 93 проценти од тестираните.
Експертите велат дека домашниот тест може да е нов начин за проширување на тестирањето за ХИВ и борбата за спречување на ширењето на вирусот. Тие предупредуваат дека лице што е ХИВ-позитивно може да добие негативен резултат, и дека домашниот тест не е толку точен како тестот изведен од медицински професионалци.
Минатата недела, друг советодавен панел на Администрацијата за храна и лекови препорача федерално одобрение за лек за кој тестовите покажале дека спречува ХИВ.