Линкови за пристапност

Одобрен лек за намалување на ризикот од ХИВ


Лекот Трувада сега може да се користи секојдневно во комбинација со практикување безбеден секс.

Американски официјални лица го одобрија, како што велат тие, првиот лек на пазарот што го намалува ризикот од инфекција со ХИВ кај оние кои го немаат вирусот што предизвикува СИДА.

Американската Администрација за храна и лекови соопшти дека лекот Трувада сега може да се користи секојдневно, во комбинација со практикување безбеден секс, за намалување на ризикот од инфекција што се пренесува по сексуален пат кај возрасните со висок ризик.

Во писмено соопштение, комесарот на агенцијата Маргарет Хамбург кажа дека одобрението на агенцијата одбележува важен момент во борбата против ХИВ. Таа додаде дека секоја година околу 50.000 американски возрасни лица и адолесценти се дијагностицирани со инфекцијата.

Сепак, некои тврдат дека лекот не е безбеден, зашто може да доведе до оштетување на бубрезите и губиток на коскено ткиво, а може да поттикне и на напуштање на користењето на кондоми, што до сега се покажа како безбеден метод за превенција на инфекцијата.
XS
SM
MD
LG