Договор со опозицијата за гласање на уставните измени или предвремени избори. Ова се двете опции од исходот на референдумот на кој граѓаните гласаа за Договорот со Грција. Премиерот Заев веќе го навести и датумот кога би се одржале изборите, 25 ноември, но остави простор за евентуален договор со опозицијата. Тој смета дека нема никакви законски или уставни пречки и дека брзи избори може да се изведат со примена техничка влада по т.н. „Пржински модул“:
За да се запази најавениот термин, потребно е изборите да се распишат најдоцна до 10 октомври односно идната среда.
Според информациите на Гласот на Америка, на согласност од опозицијата ќе се чека до крајот на оваа недела.
Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ВМРО – ДПМНЕ е подготвена за предвремени избори. Сепак тој нагласи дека е потребно исполнување на неколку услови, нов Јавен обвинител од редовите на опозицијата и анкетна комисија за испитување на наводните нерегуларности за време на гласањето на референдумот. Тој има различен став околу временската рамка за техничката влада бидејќи бара исти услови како за предвремените избори од 2016 година:
Од ДУИ пак на ставот дека само откако ќе се исцрпат сите можности за двотретинско мнозинство кое би ги поддржало измените на Уставот во Собранието да се оди на предвремени избори.
Владејачката СДСМ инсистира на брзи предвремени избори за да се надополни изгубеното време бидејќи повеќе од јасно е дека до крајот на годината нема да бидат изгласани уставните измени како што предвидува Договорот. Тоа мора да се заврши до средината на април бидејќи тогаш почнува кампањата за Европските избори, извесни се предвремени парламентарни избори во Грција, а и Македонија влегува во изборен процес за претседателски избори.
Facebook Forum