Линкови за пристапност

Москва го поддржува Иванов, Вашингтон бара преиспитување на одлуката

  • Синиша Станковиќ

Претседателот на Косово кажа дека Иванов „ја погреба демократијата, “ ОБСЕ порачува „владеењето на правото море да надвладее“

„Неопходно е да запре надворешното мешање во внатрешните работи на Македонија, да се почитува правото на македонските граѓани самостојно да решаваат за својата судбина, во согласност со основните демократски принципи“, порача денеска руското Министерство за надворешни работи.

Руското МНР потенцира дека политичката криза во Македонија „испровоцирана со грубо мешање од надвор во внатрешните работи е дополнително влошена“ и го обвинува Запад дека „преку албанското малцинство, се обидува да ја донесе на власт во Скопје поразената опозиција, која ставила потпис на ултимативните барања на Албанците што водат кон поткопување на уставното уредување на земјата“.

Така, денес, покрај жестоките реакции во Македонија и предупредувањата од Запад, само од Москва стигна поддршка за претседателот Ѓорге Иванов, по неговото вчерашно обраќање на јавноста и одбивањето да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, и покрај тоа што тој обезбеди 67 потписи од пратениците од новиот состав на 120-члениот парламент, наводно поради прифаќањето на Платформата на партиите на етничките Албанци, со што, според Иванов, се загрозува унитарноста на Македонија.

„Продолжувањето на деструктивните обиди да се наметнат однадвор шеми кои се во спротивност со волјата на македонските избирачи, може само да ја влошат ситуацијата“, порача руската дипломатија, преку соопштението на МНР, во кое се обвинуваат ЕУ и НАТО, дека со нивна „активна поддршка“ на Македонците им се наметнува „албанска платформа договорена во Тирана“, и се изразува вознемиреност поради инволвирањето во кризата и на властите на Косово.

Денеска од Косово реагираше претседателот Хашим Тачи, кој на својот Фејсбук профил напиша дека македонскиот претседател Иванов, „со својата одлука, ја погреба демократијата, не признавајќи ја на тој начин волјата на граѓаните, Уставот и законите и го погреба Охридскиот договор“. Според Тачи, „без еднакви права на Албанците и Македонците, се губи смислата на функционирањето на државата Македонија. На крајот, Албанците треба да ја земат судбината на своите права во свои раце“, напиша Тачи.

Откако вчера, реагираше еврокомесарот Јоханес Хан, утрово и американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика на ЕУ, која попладнево беше во Скопје, потенцираа дека Иванов треба да ја преиспита и смени својата одлука, со која, според СДСМ и дел од експертите го прекршил Уставот и своите ингеренции.

Слични пораки, пред доаѓањето во посета на Скопје следната недела, денеска упати и генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, кој на Твитер порача дека „владеењето на правото море да надвладее“ и дека „резултатите од декемвриските избори се солидна основа да се формира влада која ќе им служи на интересите на сите граѓани“, како и Групата на европските социјалисти во Европскиот парламент.

XS
SM
MD
LG