„САД ги повикуваат лидерите во Македонија, да формираат нова влада, без натамошно доцнење, и сето тоа да биде во согласност со Уставот и аспирациите на земјата за членство во Европската Унија и НАТО.
Формирањето на нова влада, определена на владеење на правото и имплементација на потребните реформи, ќе помогне да се стави крај на политичката криза којашто сериозно го забави демократскиот и економски развој на Македонија, како и нејзината евро-атлантска интеграција.
Соединетите Американски Држави ги повикуваат сите партии, интересите на Македонија и нејзините граѓани да ги стават над се`, да имаат конструктивна соработка и целосно да ги имплементираат сите свои определби според договорот од Пржино“, се вели во соопштението од канцеларијата на вршителот на должност портпарол на Стејт департментот, Марк Тонер.