Линкови за пристапност

Лос Анџелес застанува против депортација на имигрантите без документи


Лос Анџелес застанува против депортација на имигрантите без документи
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

Лос Анџелес се спротивставува на федералните политики за спроведување на законот за имиграција. Тоа е одговор на ветувањето на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за масовни депортации кога тој ќе ја преземе претседателската функција во јануари. Известува Анџелина Багдасаријан.

Клаудија Вентура живее во Лос Анџелес веќе 20 години. Овде има работа и семејство, но нема документи. Вентура е меѓу околу 800-те илјади жители на Лос Анџелес кои немаат правен статус во САД. И, како и многу други, таа се чувствува непријатно откако Доналд Трамп победи на претседателските избори.

„Сега, не гледам многу луѓе на улица. … Помалку луѓе, тоа е лошо... Мислам дека луѓето се исплашени да не бидат депортирани“, вели Вентура.

Градскиот совет на Лос Анџелес ја одобри уредбата со која се спротивставува на федералната власт за законот за имиграција на 19 ноември – тоа значи дека локалната полиција и државните власти нема да споделуваат информации за имиграцискиот статус на луѓето со имиграциските власти од федерално ниво, освен ако тоа не вклучува сериозно кривично дело.

„Градската уредба како оваа испраќа многу силна порака до заедницата во Лос Анџелес и до остатокот од нацијата дека во Лос Анџелес расположливите ресурси ќе се користат за да се зачува заедницата безбедна, да се задржи довербата на заедницата на сопствените лидери, и одржувајќи ја заедницата во напредок, а не апсејќи ги или предизвикувајќи хаос во заедниците“, смета Хорхе-Марио Кабрера, активист за правата на имигрантите.

Сепак, не сите во градот се согласуваат со оваа одлука. Поддржувачите на Трамп - приближно 38% од жителите, според изборните резултати - не сакаат Лос Анџелес да биде засолниште.

„Мислам дека тоа е срамота. Прво треба да се грижиме за нашите. Кога велиме, Америка на прво место, тоа не значи дека не треба да се грижиме за другите, тоа значи дека ние прво се грижиме за нашите“, вели Линда Хана, чии родители се од Мексико.

Тие легално дошле во САД, а таа верува дека секој што го сторил тоа незаконски треба да биде депортиран.

Уредбата ќе има мал практичен ефект бидејќи Лос Анџелес од 1979 година им забранува на полицијата или службениците за имиграција да испрашуваат лице за нивниот имиграциски статус.

Новиот статус на Лос Анџелес не значи дека не може да има депортации – тоа само значи дека локалните власти нема да им помогнат на федералните службеници да најдат и да ги депортираат недокументирани имигранти.

„Мислам дека федералните службени лица ќе започнат со масовни рации, наместо да бараат документи од случајни минувачи на улиците. Верувам дека ќе има масовни рации во фабриките и во земјоделската индустрија каде – според официјалните податоци – најверојатно работат недокументирани имигранти“, смета Татјана Едвардс-Бехар, адвокатка за имиграција.

Кабрера верува дека амнестијата е подобра идеја од депортациите.

„Мораме да инсистираме дека опцијата е масовна легализација. Мораме да инсистираме дека постои подобар начин да се третираат имигрантите во оваа земја“, додава Кабрера.

По инаугурацијата на 20 јануари, Трамп силно сугерира дека може да прогласи национална вонредна состојба и да го искористи американскиот воен персонал за да помогне во спроведувањето масовни депортации – потег со кој застапниците за имиграција ветија дека ќе се борат на суд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG