Линкови за пристапност

Лани самоубиствата во САД достигнале највисоко ниво на сите времиња


Самоубиствата кај возрасните на возраст од 25 до 44 години пораснале за околу еден процент
Самоубиствата кај возрасните на возраст од 25 до 44 години пораснале за околу еден процент

Околу 49.500 луѓе си го одзеле животот минатата година во САД, што е најголем број досега, според новите владини податоци објавени вчера.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кои ги објавија бројките, сè уште не пресметале стапка на самоубиства за годината, но достапните податоци сугерираат дека самоубиствата се почести во САД отколку кога било од почетокот на Втората светска војна.

Неодамнешната анализа на Универзитетот Џон Хопкинс користеше прелиминарни податоци од 2022 година за да пресмета дека вкупната стапка на самоубиства со оружје во нацијата се зголеми минатата година на највисоко ниво на сите времиња.

За првпат, стапката на самоубиства со оружје кај црните тинејџери ја надмина стапката кај белите тинејџери, открија истражувачите.

Самоубиствата во САД постојано се зголемуваа од раните 2000-ти до 2018 година, кога националната стапка го достигна највисокото ниво од 1941 година.

Таа година забележаа околу 48.300 смртни случаи од самоубиства, или 14,2 на секои 100.000 Американци.

Стапката малку падна во 2019 година. Повторно падна во 2020 година, во текот на првата година од пандемијата на ковид-19.

Но, во 2021 година, самоубиствата се зголемија за 4%. Минатата година, според новите податоци, бројот скокнал за повеќе од 1.000, на 49.449 или околу 3% зголемување во однос на претходната година.

Привремените податоци доаѓаат од потврдите за смрт на САД и се сметаат за речиси комплетни, но може малку да се променат бидејќи информациите за смртта се прегледуваат во месеците што следат.

Најголемите зголемувања се забележани кај постарите возрасни лица.

Смртните случаи се зголемиле за речиси 7% кај луѓето на возраст од 45 до 64 години, и повеќе од 8% кај луѓето од 65 години и постари.

Белите мажи, особено, имаат многу високи стапки, рече ЦДЦ.

Самоубиствата кај возрасните на возраст од 25 до 44 години пораснале за околу 1%.

Новите податоци покажуваат дека самоубиството стана втора водечка причина за смрт во таа возрасна група во 2022 година.

И покрај мрачните статистики, некои велат дека има причина за оптимизам.

Националната линија за кризи започна пред една година, што значи дека секој во САД може да повика 988 за да дојде до специјалисти за ментално здравје.

ЦДЦ ја проширува програмата за самоубиство за да финансира повеќе превентивна работа во различни заедници.

Се зголемува свеста за ова прашање и дека е во ред да се побара помош, велат здравствените власти.

XS
SM
MD
LG