Линкови за пристапност

Депресијата и анксиозноста зголемени за 25 отсто во првата година од пандемијата, соопшти СЗО


Третманот на проблемите со менталното здравје е особено акутен во Африка каде што има само еден психијатар на секои 500.000 луѓе, што е 100 пати помалку од препораките на СЗО
Третманот на проблемите со менталното здравје е особено акутен во Африка каде што има само еден психијатар на секои 500.000 луѓе, што е 100 пати помалку од препораките на СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) почна кампања за подигнување на свеста и поттикнување акција во регионите каде што има високи стапки на смртност од самоубиства, по повод денешниот светски Ден на менталното здравје.

СЗО соопшти дека пандемијата создала „глобална криза за менталното здравје“, додавајќи дека „поттикнува краткорочни и долгорочни стресови и го поткопува менталното здравје на милиони луѓе“.

„Проценките покажуваат дека порастот и на анксиозноста и на депресивните растројства е повеќе од 25 проценти во текот на првата година од пандемијата“, соопшти агенцијата на ОН.

„Во исто време, услугите за ментално здравје се сериозно нарушени и јазот во третманите за состојбите со ментално здравје се зголеми“, велат оттаму.

Третманот на проблемите со менталното здравје е особено акутен во Африка каде што има само еден психијатар на секои 500.000 луѓе, што е 100 пати помалку од препораките на СЗО.

Кампањата на СЗО за спречување самоубиства во Африка има за цел да го реши проблемот. Во Африка, 11 луѓе на 100.000 се убиваат, во споредба со светскиот просек од 9 на 100.000. Континентот има шест од 10-те земји со највисока стапка на самоубиства.

Д-р Матшидисо Моети, регионален директор на СЗО за Африка, рече дека „мора да се вложат значителни инвестиции за да се справиме со растечкиот товар во Африка од хронични болести и неинфективни состојби како што се менталните нарушувања кои можат да придонесат за самоубиство“.

Иницијативите за ментална здравствена заштита што СЗО ги поддржува во Африка вклучуваат обука на работници од примарната здравствена заштита во Зимбабве за зајакнување на квалитетот и пристапот до услугите за ментално здравје.

„Менталното здравје е составен дел на здравото здравје и благосостојба, но сепак премногу луѓе во нашиот регион на кои им е потребна помош за состојби на ментално здравје не ја добиваат. Време е за радикални промени“, вели д-р Моети.

XS
SM
MD
LG