Линкови за пристапност

25 проценти зголемена стапката на самоубиства во САД


Ризик факторите се слични како кај масовните убиства - проблеми во врска, конфликт со партнер, мобинг, загуба на блиско лице и други причини

Центрите за контрола на болести и превенција откриваат дека стапката на самоубиства во САД пораснала за 25 проценти од 1999-та година.

Ваквиот извештај уследи по неодамнешната смрт на модната креаторка Кејт Спејд и славниот готвач Ентони Бурдејн.

Дебора Стоун од Центрите за контрола и превенција на болести, вели дека зголемениот процент не е изненадување за научниците, бидејќи бројот на вакви случаи се зголемувал низ годините.

„Податоците укажуваат дека ситуацијата се влошува и дека навистина е потребна е превенција од самоубиства“, изјави Стоун за Гласот на Америка.

Вели дека ризик-факторите се слични како кај убиствата и масовните пукања - проблеми во врска, конфликт со партнер, мобинг, загуба на блиско лице и слично.

Користењето дрога, исто така, е еден од ризик факторите. Во 2016-та година, во САД се регистрирани 64.000 смртни случаи поради предозирање. Иако не сите, некои од нив се регистрирани како самоубиства

И бездомништво, отказ од работа и финансиски проблеми, се причина за здравствени проблеми.

Стоун вели дека и физичките, и психичките здравствени проблеми, ги прават луѓето чувствителни и да посегнат по својот живот.

Според извештајот, половина од лицата што се самоубиле имале психички проблеми, но, повеќе од половина или 54 проценти немале вакви проблеми.

Џенифер Пејн, психотерапевт во болницата Џонс Хопкинс, вели дека иако можеби не се наведени како причина, повеќето од самоубиствата многу веројатно се резултат на психички нарушувања.

Оваа болест може да не биде дијагностицира, поради стигмата за психичките проблеми и одбивањето на луѓето да побараат помош.

Во САД, третманот за психичките проблеми е често многу скап. Сите психијатри не прифаќаат здравстевно осигурување, што го прави третманот недостапен за многумина

И недостигот на терапевти, како и пристапот на луѓето до оружје се јавуваат како проблем, велат надлежните.

Близу 800.000 лица извршуваат самоубиства секоја година, а речиси 45.000 луѓе во си го одзеле животот во САД во 2016-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG