Очекуваното животен век во САД се намали втора година по ред во 2021 година, паѓајќи за речиси една година во однос на 2020 година, според владиниот извештај објавен денес.
Во првите две години од пандемијата на ковид-19, проценетиот животен век во Америка се скрати за речиси три години. Последното споредливо намалување се случи во раните 1940-ти, за време на Втората светска војна.
Претставниците на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), ја посочија пандемијата за околу половина од падот во 2021 година, година кога вакцините станаа широко достапни, но новите варијанти на коронавирус предизвикаа бранови на хоспитализација и смртни случаи.
Други придонесувачи за падот се долгогодишните проблеми: предозирање со лекови, срцеви заболувања, самоубиства и хронични заболувања на црниот дроб.
„Тоа е лоша ситуација. Порано беше лошо и се влоши“, рече Семјуел Престон, демограф од Универзитетот на Пенсилванија.
Очекуваното траење на животот е проценка на просечниот број години што бебето родено во дадена година би можело да очекува да живее, со оглед на стапките на смртност во тоа време.
Тоа е најфундаменталниот показател за здравјето на населението во оваа земја, рече Роберт Хамер, истражувач од Универзитетот на Северна Каролина, фокусиран на моделите на здравјето на населението.
Очекуваниот животен век во САД се зголемуваше со децении, но напредокот запре пред пандемијата на ковид-19. Беше 78 години, 10 месеци во 2019 година, а во 2020 година падна на 77 години. Минатата година падна на околу 76 години, еден месец. Последен пат беше толку ниско во 1996 година.
Извор: АП