Линкови за пристапност

Колку долго може да издржи Украина без воена помош од САД?


Колку долго може да издржи Украина без воена помош од САД?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Колку долго може да издржи Украина без воена помош од САД? Тоа прашање се поставува откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди „пауза“ на воената помош за Украина, а со цел да поттикне мировни преговори. Известува Хенри Риџвел.

Како што се појавија вести за одлуката на САД да ја прекинат воената помош за Киев, руските беспилотни летала продолжија да летаат врз украинските градови.

Украинските пратеници велат дека последиците од одлуката на Вашингтон ќе бидат тешки.

„Ова значи дека илјадници луѓе ќе умрат“, вели Олексиј Гончаренко, украински парламентарец.

Западно од Доњецк, Украина, во близина на градот Покровск, војната продолжува.

„Пукаме со италијанска хаубица. Но, добиваме многу муниција, вклучително и стандардно НАТО оружје од САД, кое се користи и во Европа и во САД. Но, дали Европа ќе може да нè снабдува? Се надевам дека ќе може“, вели командат од 14тата украинска бригада.

Прашањето е дали може Европа да го надомести недостигот од воена помош од САД?

„Постојат одредени системи, од ракети „Патриот“ до резервни делови за тенковите „Абрамс“ и транспортерите „Бредли“, што ги користат Украинците. Единствениот начин на кој Европејците можат да ги добијат е да ги купат на отворен пазар. И за тоа ќе биде потребно време“, вели Марк Галеоти од „Mayak Intelligence“.

Но, Украина се` повеќе произведува сопствено оружје.

„Веројатно околу половина од оружјето што сега го користи Украина е обезбедено од нејзината одбранбена индустрија. А од остатокот е од САД и другите, вклучувајќи ги и Европејците“, вели Малколм Калмерс, експерт од Обединетиот кралски институт.

САД обезбедуваат друга клучна помош - вклучително и превозот на западно оружје во Украина.

„И конечно, САД играат многу важна улога во обезбедувањето информации и разузнавање на украинските сили“, вели Калмерс.

Администрацијата на Трамп вели дека прекинот на воената помош е, цитирам „да се осигура дека таа придонесува за решение“.

„Ниту Европа, ниту САД, ниту Украинците, можат да ја продолжат оваа војна на неодредено време. Значи, важно е сите да дојдат на маса“, истакна Џеј Ди Венс, потпретседател на САД.

Британскиот премиер изјави дека сегашната колација ќе продолжи да ја поддржува Украина.

„Тврдењето на [американскиот] потпретседател Венс дека многу европски лидери, кои на социјалните мрежи и во јавноста целосно го поддржуваат Киев, но приватно тие се всушност многу поскептични - не е целосно неточно. Дали во суштина продолжувате да ги трошите сопствените вооружени сили и да го отуѓувате вашиот најмоќен безбедносен сојузник и гарант, во име на одбраната на Украина?“, посочува Галеоти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше до администрацијата на Трамп, пишувајќи на Икс дека Украина е посветена на мир.

За Украинците кои страдаат од руското бомбардирање, намалувањето на помошта од САД е горчлив исход.

„Се надевам дека тој [Трамп] ќе го промени своето мислење. Жртвата на агресија не може да биде виновна за се` и да биде казнета дополнително“, вели Викториа, жителка на Киев.

Во меѓувреме, Русија ја поздрави одлуката на Вашингтон да ја запре воената помош за Украина, велејќи дека тоа може да помогне, цитирам „да се реши ситуацијата на мирен начин “.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG