Линкови за пристапност

Бајден ја прогласи борбата против корупцијата клучна за националната безбедност


Претседателот објави формално известување до сите релевантни федерални оддели и агенции, повикувајќи ги да се справат со сите форми на незаконско финансирање

Администрацијата на претседателот Џо Бајден официјално ја стави борбата против корупцијата како суштински интерес од национална безбедност.

Бајден денес го објави првиот меморандум за национална безбедност, истакнувајќи ја агендата за борба против корупцијата.

„Корупцијата е закана за националната безбедност на САД, за економската еднаквост, глобалната борба против сиромаштијата, напорите за развој и за самата демократија“, рече Бајден, додавајќи дека „преку ефективно спречување и справување со корупцијата, и демонстрација на предностите од транспарентно и одговорно владеење, можеме да осигураме клучна корист за САД и други демократии“.

Меморандумот на Бајден е важен бидејќи служи како формално известување од претседателот, со кое тој очекува „сите релевантни федерални оддели и агенции да ја подобрат нивната игра против корупцијата на многу специфични начини“, рече висок официјален претставник на администрацијата.

Овој документ повикува на справување со сите форми на незаконско финансирање во државата и во меѓународните финансиски системи.

Бајден очекува корумпираните лица, организации и нивните помошници, да бидат повикани на одговорност, вклучувајќи и кривична постапка против нив.

Канцеларијата на директорот на националното разузнавање, како и Централната агенција за разузнавање, исто така, ќе бидат вклучени во напорите за борба против корупцијата.

„Ќе ги користат сите алатки на располагање да осигураат да се идентификува корупција и да се преземат соодветни мерки“, вели висок официјален претставник на администрацијата.

XS
SM
MD
LG