Линкови за пристапност

Клупи за разговор во паркови се користат за психолошко опоравување


Клупи за разговор во паркови се користат за психолошко опоравување
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:08 0:00

Во Британија, локалните заедници се обидуваат да се борат против изолацијата на луѓето со воведување на таканаречени клупи за разговор. Експертите за ментално здравје велат дека чувството за осаменост пораснало. Известува Малколм Брабант, специјален дописник на PBS NewsHour. 

Оваа клупа со поглед на Северното Море има потресна приказна. Ако седнете овде, или ќе почнете разговор или можеби ќе се расплачете за помош.

„Мојот сопруг си го одзеде животот во 2019-та3“, раскажува Рејчел Стоун која е вдовица.

Таа додава:

„Во тоа време, имаше толку многу млади мажи, кои внатрешно се мачеа и кои си ги одзедоа животите. Сакав да направам нешто да помогнам, бидејќи се чувствуваш беспомошно, во таква ситуација“.

Додека била оставена сама на себе да одгледа две мали ќерки и нејзиниот постар посинок, Рејчел се труди да се сеќава на нејзиниот сопруг, кој бил под депресија.
Само во случај да престане комуникацијата, има дискретен потсетник за телефонска линија за спречување самоубиства.

„Ако се чувствувате очајни и сте стигнале до вакво место, дојдете, и седете. Потребно е само една личност да каже, дали си добро? Ако навистина имаше ваква можност денес, можеби немаше да си го одземе животот тој ден“, вели Рејчел.

Дваесет милји на југ се наоѓа местото од каде со текот на годините, неколку луѓе се самоубиле.

Карпите веќе немаат толку мрачна репутација, делумно благодарение на шемата за обнова на соседството, вклучувајќи ги и клупите.

Ова е Рамсгејт, приморски град на околу 80 милји југоисточно од Лондон. Ова е разговорна клупа. Прекрасен сончев ден, вистинска промена од мизерната зима што ја има Велика Британија.
Луѓето се надвор, но дали некој сака да разговара.

Тажната вистина е дека сите игнорираа, додека не се појави Дејвид Барбер.
Тој е еден од лидерите на локалната заедница што стои зад овој проект за разговорна клупа.

„Животот е прилично тежок, нели? Не е баш лесно. И, така се шири осаменоста“, објаснува Барбер.
Тој вели дека интернетот е полн со можности за споделување на мислењата коишто луѓето ги објавуваат, но ретко ги споделуваат лично, лице в лице.

„Технологијата не помогна. Луѓето се шетаат со своите телефони. Имаат слушалки. Не сакаат да разговараат. Не сакаат да имаат ниту контакт со очите. Уметноста на разговор ужасно се намалува“, додава Барбер.

Неодамнешните истражувања спроведени по пандемијата покажуваат постојан пораст на осаменоста.
Генерално, секој трет Британец чувствува осамено. Но, изненадувачки фактор е што најмногу страдаат младите луѓе. Истражување спроведено во 2023 година откри дека меѓу оние на возраст меѓу 18 и 24 години, тројца од секои пет се чувствуваат сами и изолирани.
Пораката на Рејчел е едноставна: Не одминувајте никого, ако му треба помош на некому, разговарајте. Ќе помогнете. Можеби, дури и ќе спасите живот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG