Турскиот парламент ќе го исполни ветувањето да ја ратификува шведската кандидатура за НАТО доколку администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го отвори патот за продажба на авиони Ф-16 на Анкара, изјави денес претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуми.
Ердоган рече дека министерот за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговарале за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО минатата недела во Њујорк.
Администрацијата на САД ја поврзува продажбата на борбени авиони Ф-16 на Турција со ратификувањето на понудата на Шведска од страна на Анкара, рече Ердоган.
„Ако тие (САД) ги одржат своите ветувања, и нашиот парламент ќе го одржи своето ветување. Турскиот парламент ќе го има последниот збор за членството на Шведска во НАТО“, рече тој.