Линкови за пристапност

Ќе бидеме со вас колку што е потребно, им порача Бајден на погодените на Хаваи


Претседателот на САД Џо Бајден денес вети дека американската федерална влада ќе остане посветена на луѓето во Мауи додека се опоравуваат, обновуваат и тагуваат по шумските пожари што го уништија градот Лахајна и убија најмалку 110 луѓе.

Во краткото видео емитувано на Еј-Би-Си, претседателот рече дека американската влада веќе презела итна акција, испраќајќи персонал за итни случаи, илјадници оброци и материјали во разурнатиот туристички град каде што беа уништени околу 2.200 згради.

„Ќе бидеме со вас онолку долго колку што е потребно, ви ветувам“, рече тој.

„Веќе од темнината и чадот и пепелта ја гледаме светлината на надежта и силата“.

За време на неговите забелешки, Бајден ги истакна напорите на спасувачите, од кои многумина беа лично погодени од шумските пожари.

„Локалните власти одговорно работат деноноќно во потрага по исчезнатите, додека волонтерите доставуваат помош со рибарски чамци и локалните готвачи подготвуваат оброци за раселените семејства“, истакна тој.

Бајден и првата дама Џил Бајден ќе отпатуваат на Хаваи в понеделник за да направат увид во штетите и да се сретнат со одговорните лица, преживеаните и федералните, државните и локалните власти.

„Сакам луѓето на Хаваи да знаат дека вашата земја е со вас онолку долго колку што е потребно“, рече тој.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG