Линкови за пристапност

Најмалку 36 мртви во пожарите на Хаваи


Официјални лица претходно изјавија дека 271 градба биле оштетени или уништени, а десетици луѓе се повредени
Официјални лица претходно изјавија дека 271 градба биле оштетени или уништени, а десетици луѓе се повредени

Најмалку 36 лица загинаа во пожарите во Хаваи, според соопштението на округот Мауи доцна вчера, во кое се вели дека нема други детали за смртните случаи.

Официјални лица претходно изјавија дека 271 градба биле оштетени или уништени, а десетици луѓе се повредени.

Илјадници жители на Хаваи се тркаа да избегаат од домовите на Мауи додека пожарите го зафатија островот, уништувајќи делови од градот стар со векови.

Пожарот го изненади островот, оставајќи зад себе изгорени автомобили на некогаш прометните улици и купишта урнатини каде што стоеја историски градби во градот, кој датира од 1700-тите и долго време беше омилена дестинација за туристите.

Екипите се бореа со пожарите на неколку места на островот вчера, а пламенот принуди некои возрасни и деца да скокнат во океанот.

На туристите им беше препорачано да се држат настрана, а околу 11.000 посетители заминаа од Мауи вчера, додека уште најмалку 1.500 се очекува да заминат денес, според Ед Снифен, државен директор за транспорт.

Официјалните лица го подготвија конгресниот центар на Хаваи да ги прими илјадниците раселени.

Претседателот Џо Бајден нареди сите расположливи федерални средства да помогнат во одговорот.

Тој рече дека Националната гарда на Хаваите мобилизирала хеликоптери за да помогнат во гасењето на пожарот, како и во напорите за пребарување и спасување.

„Нашите молитви се со оние кои имаат уништени домови, бизниси и заедници“, рече Бајден во изјавата.

Поранешниот претседател Барак Обама, кој е роден на Хаваи, на социјалните мрежи изјави дека е тешко да се видат некои од сликите како излегуваат од место кое е толку посебно за многумина.

XS
SM
MD
LG