Американскиот претседател Џо Бајден денес рече дека ќе отпатува на Хаваи „што е можно поскоро“ за да ги разгледа напорите за опоравување од шумските пожари што го зафатија Мауи и убија десетици луѓе.
Бајден, на економски настан во Милвоки, Висконсин, не рече конкретно дека ќе го посети самиот Мауи, што беше знак на загриженоста на Белата куќа дека тој нема да се меша во тековните напори за извлекување на повеќе тела од уништените згради.
Претставниците на Белата куќа разговараа за тоа што ќе значи претседателската посета. Бајден рече дека разговарал за посетата со гувернерот на Хаваите Џош Грин.
„Мојата сопруга Џил и јас ќе отпатуваме на Хаваи што е можно поскоро“, рече Бајден, но додаде:
„Не сакам да бидам препрека. Сакам да одам и да се уверам дека имаме се` што ни треба. Сакам да бидам сигурен дека нема да ги нарушиме напорите за закрепнување“, рече тој.
Извор: Ројтерс