Линкови за пристапност

Ким Џонг Ун повика на подготовки за можна војна


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го разреши воениот генерал и повика на повеќе подготовки за можноста за војна, зголемување на производството на оружје и проширување на воените вежби, објави денес државната телевизија.

Ким ги даде коментарите на состанокот на Централната воена комисија на кој се разговараше за плановите за контрамерки за одвраќање на непријателите на Северна Кореја, кои таа не ги именуваше, се вели во извештајот.

Ким, исто така, постави цел за проширување на капацитетот за производство на оружје, се вели во извештајот, без да се наведат детали.

Минатата недела тој ги посети фабриките за оружје каде што повика да се изградат повеќе ракетни мотори, артилерија и друго оружје.

Фотографиите објавени од државната телевизија покажаа дека Ким на мапа покажува кон Сеул и областите околу главниот град на Јужна Кореја.

САД ја обвинија Северна Кореја дека ѝ обезбедува оружје на Русија за нејзината војна во Украина, вклучувајќи артилериски гранати, ракети и проектили.

Русија и Северна Кореја ги негираа тие тврдења.

Ким, исто така, ја повика војската да спроведе вежби со најновото оружје и опрема на земјата за да ги одржи своите сили подготвени за борба, се вели во извештајот.

Северна Кореја има голем број паравоени групи кои ги користи за да ги зајакне своите воени сили.

Планирано е САД и Јужна Кореја да одржат воени вежби меѓу 21 и 24 август, што Северна Кореја го гледа како закана за нејзината безбедност.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG