Линкови за пристапност

Ким Џонг Ун рече дека Северна Кореја е подготвена за каков било воен судир со САД


Предупредувањето е најновата закана од Пјонгјанг среде шпекулациите дека наскоро ќе го изврши седмиот нуклеарен тест
Предупредувањето е најновата закана од Пјонгјанг среде шпекулациите дека наскоро ќе го изврши седмиот нуклеарен тест

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун доцна вчера предупреди дека неговата земја е „целосно подготвена“ за каков било воен конфликт со САД, објавија денес државните медиуми.

Предупредувањето е најновата закана од Пјонгјанг среде шпекулациите дека наскоро ќе го изврши седмиот нуклеарен тест.

Ким, во говорот по повод годишнината од крајот на Корејската војна, исто така, предупреди дека владата на Јужна Кореја ќе биде уништена доколку направи каков било „опасен обид“, според државната Корејска централна новинска агенција.

Во својот говор, Ким постојано се фалеше со нуклеарното оружје на неговата земја и посочи дека е подготвен да го користи доколку е потребно.

Северна Кореја оваа година тестираше голем број ракети.

Пјонгјанг, исто така, очигледно ги завршил подготовките за уште една нуклеарна проба, според американските и јужнокорејските власти.

Како одговор, Јужна Кореја го прошири деценискиот воен сојуз на својата земја со САД, вклучително и организирање заедничка голема теренска воена вежба следниот месец.

XS
SM
MD
LG