Линкови за пристапност

Кампањата на Трамп вели дека собрала над 45,5 милиони долари во третиот квартал


Кампањата на поранешниот претседател денес не даде детали за тоа како стигнала до таа сума или од каде се собрани средствата
Кампањата на поранешниот претседател денес не даде детали за тоа како стигнала до таа сума или од каде се собрани средствата

Кампањата на Доналд Трамп денес соопшти дека собрала над 45,5 милиони долари во третиот квартал од јули до септември, што е речиси 30% повеќе отколку во претходниот квартал додека поранешниот претседател на САД се соочува со повеќе обвиненија.

Забрзувањето на собирање средства може да биде знак дека касата на Трамп за кампањата во 2024 година има корист од неговите правни проблеми, кои вклучуваат четири обвиненија.

Кампањата на Трамп денес не даде детали за тоа како стигнала до таа сума или од каде се собрани средствата.

Кампањата соопшти дека има над 37,5 милиони долари готовина и оти околу 36 милиони долари од нив се наменети за првичните избори.

Трамп е фаворит во трката за републиканска претседателска номинација за изборите во ноември 2024 година.

Неговиот најблизок ривал, кој го следи со голема разлика во анкетите, е гувернерот на Флорида Рон ДеСантис.

Кампањата на ДеСантис денес објави дека собрала 15 милиони долари во текот на третиот квартал, иако не сите тие средства ќе бидат достапни за користење за време на републиканските прелиминарни избори.

Тоа е помала сума од 20 милиони долари во вториот квартал, што е можен знак дека донаторите му се лути на ДеСантис бидејќи тој не успеа да го намали водството на Трамп.

Поранешниот претседател се соочува со четири кривични обвиненија поради неговите обиди да ја поништи изборната победа на демократот Џо Бајден во 2020 година, неговото справување со доверливите документи откако ја напушти Белата куќа и за пари платени на порноѕвезда.

Трамп негираше дека сторил нешто лошо и се изјасни за невин во сите случаи.

Трамп е обвинет и од њујоршкиот јавен обвинител Летиција Џејмс, демократка, дека ја зголемил вредноста на својот имот за да обезбеди подобри услови за заем и осигурување.

Тој рече дека случајот е дел од „политички лов на вештерки“.

Главниот комитет за собирање средства на Трамп собра повеќе од 35 милиони долари во периодот април-јуни, речиси двојно повеќе од она што групата собра во претходните три месеци.

XS
SM
MD
LG