Линкови за пристапност

Израелските копнени трупи влегле длабоко во Газа


Американскиот претседател Џо Бајден вчера повика на „хуманитарна пауза“ во војната меѓу Израел и милитантите на Хамас
Американскиот претседател Џо Бајден вчера повика на „хуманитарна пауза“ во војната меѓу Израел и милитантите на Хамас

Израелските копнени трупи навлегле внатре во градот Газа денес во услови на континуирани дипломатски напори за кратко запирање на борбите и влошување на хуманитарната криза во палестинската енклава.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера повика на „хуманитарна пауза“ во војната меѓу Израел и милитантите на Хамас.

„Пауза значи да се даде време да се извлечат заробените. Дајте време“, рече тој.

Хамас зеде повеќе од 240 заложници за време на нападот врз Израел на 7 октомври.

Израел вели дека во нападот загинале 1.400 луѓе.

Израел му објави војна на Хамас по нападот и во постојаното бомбардирање на Газа загинаа илјадници Палестинци.

Палестинското министерство за здравство, кое го води Хамас, соопшти дека бројот на загинати надминал 9.000.

Првата група странски државјани, кои се заробени во појасот Газа од почетокот на војната, вчера почна да ја напушта опколената територија кон Египет.

Повеќе од нив заминаа вчера.

Повторното отворање на граничниот премин Рафах за да им се дозволи на странските државјани да си заминат беше дел од договорот со посредство на Катар меѓу Израел, Египет и Хамас.

На најмалку 400 странски државјани ќе им биде дозволено да преминат во Египет.

Покрај странските државјани, со брза помош од Газа на лекување во египетските болници биле пренесени и околу 81 повреден Палестинец.

XS
SM
MD
LG