Линкови за пристапност

Почнаа да излегуваат од Газа странски државјани и повредени Палестинци


Палестинците преминуваат на египетската страна на граничниот премин со појасот Газа во Рафах, 1 ноември 2023 година
Палестинците преминуваат на египетската страна на граничниот премин со појасот Газа во Рафах, 1 ноември 2023 година

Првата група странски државјани кои се заробени во појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, денес почна да ја напушта опколената територија кон Египет.

Повторното отворање на граничниот премин Рафах за да им се дозволи на странските државјани да си заминат беше дел од договорот со посредство на Катар меѓу Израел, Египет и Хамас.

На најмалку 400 странски државјани ќе им биде дозволено да преминат во Египет.

Во пораката на платформата за социјални медиуми Х, претседателот Џо Бајден го пофали раководството на САД за спроведување на евакуацијата.

Тој рече дека Вашингтон, исто така, очекува американските граѓани да излезат денес, а повеќе во наредните денови.

Покрај странските државјани, со брза помош од Газа на лекување во египетските болници биле пренесени и околу 81 повреден Палестинец.

Пациентите се првите познати Палестинци на кои им е дозволено да излезат од Газа од почетокот на војната по смртоносниот терористички напад на Хамас врз Израел на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе.

Претставникот на Обединетите нации за Блискиот Исток Тор Венесланд, ја поздрави медицинската евакуација како „важен чекор во вистинската насока, кој треба да продолжи“.

Првите заминувања на странски државјани и медицинските евакуации се случуваат како што Газа по вторпат од петокот се соочува со целосен прекин на комуникацијата, според давателот на услуги Палтел (Палестинска телекомуникациска компанија).

Компанијата соопшти дека прекинот е „поради тоа што меѓународните рути кои претходно беа повторно поврзани, повторно се прекинати“.

Прекините продолжија и денес.

Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека имајќи го предвид високиот број цивилни жртви и размерите на уништување по израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, „ние имаме сериозна загриженост дека ова се непропорционални напади кои би можеле да претставуваат воени злосторства“.

XS
SM
MD
LG