Линкови за пристапност

Газа стана гробница за илјадници деца, вели УНИЦЕФ


СЗО предупредува на „непосредна катастрофа во јавното здравје“ во Газа бидејќи 130 предвремено родени бебиња зависат од инкубатори, од кои 61 отсто се во северниот дел на Газа, каде што израелските бомбардирања се најинтензивни
СЗО предупредува на „непосредна катастрофа во јавното здравје“ во Газа бидејќи 130 предвремено родени бебиња зависат од инкубатори, од кои 61 отсто се во северниот дел на Газа, каде што израелските бомбардирања се најинтензивни

Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупредува дека ако не се послушаат повиците за прекин на огнот во Газа, жртвите ќе продолжат да се зголемуваат, ставајќи ги децата во густо населената палестинска енклава во уште поголем ризик.

„Газа стана гробница за илјадници деца“, рече денес Џејмс Елдер, портпарол на УНИЦЕФ.

„Тоа е жив пекол за сите други“.

Министерството за здравство на Газа, контролирано од Хамас, вели дека повеќе од 8.300 Палестинци во Газа, вклучително и најмалку 3.457 деца, биле убиени откако Израел ја започна кампањата за казнување со бомбардирање по масакрот на цивили од милитантите на Хамас на 7 октомври.

„Од најраните денови на невидените непријателства во појасот Газа, УНИЦЕФ беше искрен за потребата од итен хуманитарен прекин на огнот, помошта да дојде и киднапираните деца да бидат ослободени“, рече тој.

„Како и многу други, ние се изјаснивме да престане убивањето на децата“.

Додека Вашингтон ја фрли својата поддршка зад Израел, тој, исто така, повика на заштита на цивилите и се залага за отворање на хуманитарна помош во Газа додека израелската војска ја проширува својата копнена кампања со цел да го искорени Хамас, означена како терористичка група од САД.

Откако Израел делумно ја укина блокадата на Газа на 21 октомври, Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, соопшти дека 143 камиони со храна, вода и медицински материјали влегле во Газа преку преминот Рафа со Египет.

Оттаму велат дека ниту еден од камионите што влегуваат во Газа сега не содржи гориво, кое е потребно за производство на електрична енергија во единствената електрана во Газа, за поддршка на болничките генератори, одржување на работа на постројките за вода и спречување на неколкуте преостанати пекари во Газа да се затворат.

„Горивото не е само луксузна стока за возење на луксузни автомобили“, рече Кристијан Линдмајер, портпарол на Светската здравствена организација (СЗО).

„Тоа е од витално значење за водоснабдувањето. Од витално значење е амбулантите, болниците да работат и многу други случаи да го олеснат животот во Газа во оваа тековна хуманитарна катастрофа“.

Израел одбива да дозволи гориво да влезе во Газа бидејќи го класифицира дизелот како стока со „двојна употреба“ што може да го користи Хамас за воени цели.

Исто така, се тврди дека Хамас има складирано големи количини гориво што го собира за воена употреба.

СЗО предупредува на „непосредна катастрофа во јавното здравје“ во Газа бидејќи 130 предвремено родени бебиња зависат од инкубатори, од кои 61 отсто се во северниот дел на Газа, каде што израелските бомбардирања се најинтензивни.

Се вели дека 50.000 жени се бремени, со просечно по 180 раѓања дневно, а на 350.000 лица со незаразни болести, како што се дијабетес, срцеви заболувања и рак, им е потребна итна медицинска помош.

XS
SM
MD
LG