Линкови за пристапност

Израел ги остава цивилите во Газа без вода, покажа извештај на „Хјуман рајтс воч“


Палестински деца собираат вода во канти во камп за раселени лица во појасот Газа, 12 декември 2024 година
Палестински деца собираат вода во канти во камп за раселени лица во појасот Газа, 12 декември 2024 година

Нов извештај на „Хјуман рајтс воч“ со седиште во Њујорк, го обвини Израел за геноцид за намерно лишување на цивилите во Газа од соодветно снабдување со вода, што веројатно ќе резултира со смрт на илјадници.

Извештајот на 179 страници објавен на веб-страницата на групата покажува како, од почетокот на војната меѓу Израел и милитантната група Хамас во октомври 2023 година, израелските власти и сили го прекинале и подоцна го ограничиле водоснабдувањето до Газа, како и ја прекинале електричната енергија и го ограничиле горивото.

Дополнително, во извештајот се вели дека Израел намерно уништил и оштетил водоводна и санитарна инфраструктура и материјали за поправка на вода и го блокирал влезот на критчното снабдување со вода.

Во изјавата, извршниот директор Тирана Хасан го обвини Израел дека намерно ги лишил Палестинците од елементот суштински за човечкиот живот повеќе од една година.

„Ова не е само невнимание“, рече Хасан.

„Тоа е пресметана политика на лишување што доведе до смрт на илјадници од дехидрација и болест, што е ништо помалку од злосторството против човештвото за истребување и чин на геноцид“.

Војната на Израел во Газа го десеткуваше санитарниот систем на појасот, оставајќи многу Палестинци да живеат во шаторски кампови во близина на вода загадена со канализација и зголемени купишта ѓубре.

Израел категорично ги отфрли обвиненијата.

Во соопштението, Израелската агенција за координација на владините активности на териториите, ги нарече обвиненијата на „Хјуман рајтс воч“како „клеветнички тврдења“ и лага.

Во соопштението се вели дека милиони литри вода течат во Газа преку три цевководи, а Израел „олеснил стотици поправки на инфраструктурата за вода и фиксирани водни линии кои водат до Газа на израелската страна кои биле оштетени од Хамас“.

„Работиме во согласност со меѓународното право“, се вели во соопштението на Израелската агенција за координација на владините активности на териториит.

„Да се каже поинаку е само флагрантна измама“.

XS
SM
MD
LG