Линкови за пристапност

И последната републиканска дебата годинава без Трамп


 Анкетата од минатата недела покажува дека Трамп има 60% предност пред гувернерот на Флорида Рон ДеСантис и поранешната американска амбасадорка Ники Хејли
Анкетата од минатата недела покажува дека Трамп има 60% предност пред гувернерот на Флорида Рон ДеСантис и поранешната американска амбасадорка Ники Хејли

Само четворица републикански претседателски кандидати се квалификуваа за четвртата и последна дебата за годината в среда, што значи дека публиката ќе слушне повеќе од секој кандидат пред да започнат прелиминарните избори во САД во 2024 година.

Кога се собраа пред еден месец, дебатираа петмина. Сега со построги квалификации, кандидатите се намалија на четири за четвртата дебата.

Секој ќе има две критични цели: да се истакне во групата и да се разликува од Доналд Трамп.

Андра Гилеспи, политиколог на Универзитетот Емори, вели дека „прашањето и тешкотијата е да се идентификуваат кои се прашањата и грижите што го анимираат тоа крило на партијата што не е Трамп“.

Сепак, Трамп го одржува водството. Анкетата од минатата недела покажува дека Трамп има 60% предност пред гувернерот на Флорида Рон ДеСантис и поранешната американска амбасадорка Ники Хејли.

По четврти пат Трамп нема да се вклучи во дебатата.

Ново за дискусија на дебатата ќе бидат ослободувањата на заложниците во војната Израел-Хамас.

Кандидатите ја делат истата линија на Републиканската партија за поддршка на Израел, но, се очекува да го обвинат демократскиот претседател Џо Бајден што не преговараше за ослободување на повеќе Американци.

Тие, исто така, може да се разликуваат за воените тактики.

Овие кандидати ќе имаат два часа во средата навечер да им се обратат на републиканските гласачи.

XS
SM
MD
LG