Највисоките американски лидери се очекува да се соберат в четврток на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, организиран од Националната фондација за молитвен појадок.
Настанот е можност претседателот, членовите на Конгресот, високи претставници и светските лидери да се сретнат.
Секој претседател на САД, од Двајт Ајзенхауер во 1953 година, присуствувал на годишниот појадок.
Се очекува да присуствува и претседателот Џо Бајден.
Националната фондација за молитвен појадок вели дека нејзината визија „е да ја промовира и сподели идејата за собирање во духот на Исус од Назарет“, и сите вери се добредојдени.
Бајден присуствуваше и на минатогодишниот настан, што беше првпат појадокот да се одржа под раководство на непрофитната група Национална фондација за молитвен појадок.
Претходно, домаќин беше Фондацијата Fellowship, верска организација.
Иако настанот на Капитол Хил е намалена верзија на она што беше порано, стотици беа присутни минатата година.
За време на појадокот во 2023 година, Бајден се фокусираше на промовирање единство, повикувајќи се на животите одземени од пандемијата, оруженото насилство, полициската бруталност и климатските промени, меѓудругото.
„Мојата молитва за овој молитвен појадок е да почнеме повторно да се гледаме, повторно да патуваме еден со друг, повторно да се расправаме, но потоа да одиме заедно на ручек“, рече Бајден за време на неговите изјави.
Оваа година појадокот се одржува во услови на многу слични предизвици како 2023 година, но и во контекст на повеќекратните глобални конфликти, како што се војните во Украина и Газа.