Линкови за пристапност

Конгресот го презеде Молитвениот појадок во Вашингтон оти е загрижен како се организира и финансира


Сенаторот Крис Кунс вели дека овој потег е делумно поттикнат од загриженоста во последните години дека членовите на Конгресот не знаеле важни детали за големиот повеќедневен собир
Сенаторот Крис Кунс вели дека овој потег е делумно поттикнат од загриженоста во последните години дека членовите на Конгресот не знаеле важни детали за големиот повеќедневен собир

Националниот молитвен појадок, еден од највидливите и најдолготрајните настани што ги спојува религијата и политиката во Вашингтон, се одвојува од приватната религиозна група која го надгледуваше со децении, поради загриженоста дека собирот предизвикува големи поделби.

Организатор и домаќин на овогодинешниот појадок, закажан за в четврток, ќе биде Националната фондација за молитвен појадок, предводена од поранешниот сенатор Марк Прајор.

Сенаторот Крис Кунс, редовен учесник и претседател на Комитетот за етика на Сенатот, рече дека овој потег е делумно поттикнат од загриженоста во последните години дека членовите на Конгресот не знаеле важни детали за големиот повеќедневен собир.

Кунс рече дека во минатото, тој и републиканскиот сенатор Џејмс Ланкфорд од Оклахома, потпретседател на комитетот, имале прашања за тоа кој бил поканет и како се собираат парите.

Годишниот настан „одеше неколку дена, имаше илјадници луѓе кои присуствуваа и многу голема и донекаде сложена организација“, рече Кунс. „Беа покренати некои прашања за нашата способност како членови на Конгресот да кажеме дека точно знаеме како се организира, кој е поканет, како се финансира. Многумина од нас кои бевме во лидерски улоги навистина не можеа да одговорат на тие прашања“.

Претседателот Џо Бајден, кој зборуваше на појадокот во последните две години, треба да го стори тоа повторно.

Во 2021 година, тој даде забелешки од Белата куќа за време на виртуелниот појадок, откако Конгресот беше нападнат од приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп со намера да се обидат да го спречат потврдувањето на изборите во 2020 година.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG