Линкови за пристапност

Молитвен појадок - власта и опозицијата допатуваа со различни пораки во Вашингтон


Молитвен појадок - власта и опозицијата дојдоа во Вашингтон со различни пораки
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:18 0:00

Молитвен појадок - власта и опозицијата дојдоа во Вашингтон со различни пораки

Власта и опозицијата имаат дијаметрално спротивни ставови за ситуацијата на домашен терен, но се согласни во едно – Соединетите Американски Држави се и ќе останат најголем пријател и поддржувач на Република Северна Македонија.


„Благодарност до американската држава, американската Влада и американскиот народ за целата поддршка што ја даваат не само на нашата држава туку и на целиот регион“ изјави Артан Груби, пратеник од ДУИ.


„САД се број еден стратешки партнер, најсилен а можеби долги години и единствен... ВМРО-ДПМНЕ е традиционално најдобриот партнер на САД и тоа ќе го докаже со новата Влада која што ќе ја формира по 12-ти април“ вели Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.


„Колку ни е битно стратешкото партнерство со САД на нас како држава но и онаа поддршка што ја очекуваме имајќи ги предвид сите храбри чекори што ги презема Владата изминатите две години“ рече Стефан Богоев, член на ИО на СДСМ.

Само овие пораки се исти на сите средби што се одржуваат во Вашингтон во рамки на традиционалниот молитвен појадок. Се останато е различно, во зависност од политичката агенда.

Годинава претставник на СДСМ е градоначалникот на Општина Карпош и член на Извршниот Одбор на партијата, Стефан Богоев. Тој за „Гласот на Америка“ вели дека посетата ја искористил, меѓу другото, и за средби со влијателни политичари на кои информирал за напредокот што го направила Република Северна Македонија откако неговата партија е на власт.

„Пред се мислам на Преспанскиот договор, договорот за добрососедство со Бугарија и очекувањата наши час поскоро да се ратификува протоколот за НАТО од сите земји-членки, да се депонираат потписите и официјално да станеме полноправна земја-членка на НАТО како и откочување на патот кон ЕУ односно надминување на оние дилеми што ги имаше отколку започнување на преговорите и очекувањата нормално во март или најдоцна во мај Република Северна Македонија да добие и официјална покана“ вели Стефан Богоев, член на ИО на СДСМ.

За разлика од него потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вели дека една од поважните теми на сите состаноци што тој ги имал со конгресмени, сенатори и лобисти се последните скандали во државата - Рекет 1 и 2 како и најновиот сомнеж за коруптивна приватизација на здравството.

„Тоа е нешто што предизвикува големо внимание тука и голема загриженост затоа што се работи за корупциски скандал и второ за навистина нечисти пари. Ги доставуваме сите документи што ги имаме. Се надеваме дека во Македонија обвинителството конечно ќе собере храброст да ги истражи затоа што има меѓународна заинтересираност но пред се треба да дејствуваат институциите дома во Македонија“ вели Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Артан Груби од ДУИ, пак, открива дека главната порака што се испраќа од Вашингтон до Скопје е оти земјата и целиот регион мора да продолжат со реформите, со јакнење на владеењето на правото и исполнување на стандардите на сите полиња.

„Многу е битно консензуално да ги решаваме прашањата особено да донесеме закони од кои што ни зависи евроатланскиот тек, особено добивањето на датум за преговори и се надевам дека заеднички со опозицијата ќе смогнеме сили пред да го распуштиме Собранието да ги донесеме сите овие реформски закони за да им ги дадеме сите аргументи на земјите – членки на ЕУ да ни го доделат одамна заслужениот датум“ вели Артан Груби, пратеник од ДУИ.

Покрај Груби, Николовски и Богоев годинава дел од молитвениот појадок се и пратеникот Антонио Милошоски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.

Националниот молитвен појадок е традиција стара речиси седум децении. Вообичаено се одржува во првиот четврток од февруари а на него присуствуваат над 3.500 гости од повеќе од 100 држави.

XS
SM
MD
LG