Линкови за пристапност

Бајден повика на единство на Молитвениот појадок во Вашингтон


Секој претседател, од Двајт Ајзенхауер наваму, зборувал на Молитвениот појадок, на кој низ годините присуствувале илјадници лидери од цел свет
Секој претседател, од Двајт Ајзенхауер наваму, зборувал на Молитвениот појадок, на кој низ годините присуствувале илјадници лидери од цел свет

Претседателот на САД Џо Бајден испрати порака за единство на Молитвениот појадок, што првпат се одржува откако неговото раководство и структура се оддалечија од контроверзната приватна религиозна група.

„Во нашата политика и во нашите животи, ние премногу често се гледаме како противници, а не како конкуренти. Се гледаме како непријатели, а не како соседи“, рече Бајден. „И колку и да беа тешки овие времиња, ако погледнеме поблиску, ја гледаме силата, решителноста што долго ја дефинираше Америка“.

Појадокот се одржа во центарот за посетители на Капитол, а 450-те места на гледалиштето беа преполни со членови на Конгресот, владини претставници и други.

Секој претседател од Двајт Ајзенхауер зборувал на Молитвениот појадок, на кој во изминатите години присуствуваа илјадници. Со децении, настанот беше надгледуван од Меѓународната фондација - христијанска организација која привлече сè поголем надзор со текот на годините.

Сега настанот го води Националната фондација за молитвен појадок, нова група предводена од поранешни членови на Конгресот. Меѓународната фондација одржа свој настан во блискиот хотел, каде што говорот на Бајден се следеше од далечина.

Настанот е дизајниран да ги зближи луѓето, а Бајден седеше до спикерот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти.

Тие вчера разговараа за тоа дали да се зголеми лимитот на долгот на земјата за да се избегне неисполнување на обврските.

„Имавме добар состанок вчера“, рече Бајден за Мекарти, велејќи дека тие ќе работат на „да се однесуваат со почит едни со други“.

Присутна беше и Кари Лејк, републиканска кандидатка за гувернер на Аризона, која ја загуби трката во ноември, но одби да го признае нејзиниот пораз.

Бајден го осуди негирањето на изборите како закана за американската демократија.

Бајден рече дека е важно „да го сакаш својот ближен како себеси“.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG