Линкови за пристапност

Мајкл однесе шест жртви, се проценуваат штетите


Додека она што остана од ураганот Мајкл се движи северно по источниот дел на САД, во областите погодени од моќната бура започнува расчистувањето

Сателитските снимки направени во петокот наутро покажуваат дека ураганот Мајкл е послаб систем кој се оддалечува од брегот на североисточните делови на САД, но продолжува да носи дожд, ветер и високи бранови.

Најголеми штети се предизвикани на Флорида. Гувернерот на сојузната држава, Рик Скот, вчера направи увид на штетата. Тој вели дека најтешко е погодена Плажата Мексико, но слично е во заливскиот град Панама Сити.

Специфично за овој ураган е што се развил брзо и се движел брзо, оставајќи малку време за евакуација на жителите.

Официјални лица велат дека засолништата ќе останат отворени за време на викендот.

Најмалку шест жртви се регистрирани од ураганот Мајкл, најмоќното невреме од овој вид што ја погодил областа и трет најсилен ураган кој го погодил американското копно. Властите очекуваат бројот на жртви да се зголеми откако операцијата на спасување ќе заврши и ќе се пристапи на обнова.

Администраторот на Агенцијата за вонредни ситуации ФИМА Вилјам Лонг вели дека по пребарувањето и спасувачките акции, следен приоритет е да се обнови електричното напојување на речиси 800.000 домаќинства и стопански субјекти во Флорида, Алабама, Џорџија и Јужна Каролина – процес кој може да трае неколку дена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG