Од Националниот центар за урагани велат дека ураганот Мајкл е лоциран на 635 километри јужно од популарниот град со ресорти Панама Сити, со ветрови со максимална брзина од 155 километри на час.
Мајкл веќе предизвика штети во Мексико и на Куба.
Прогнозите велат дека бурата може да биде проследена со 30 сантиметри дожд во западна Куба, предизвикувајќи опасни по живот поплави и лизгање на земјиштето.
Се очекува ураганот Мајкл утре да пристигне до северозападниот дел на Флорида, пред да го забави своето движење низ југоистичните американски држави следниот ден.
Националниот центар за урагани, поради ураганот и тропската бура, издаде повеќе предупредувања за Флорида и соседните држави Џорџија, Мисисипи и Алабама.
Никогаш не сме виделе ваква бура да го погоди овој дел од државата и ураганот Мајкл според прогнозите ќе биде најдеструктивната бура која ја погодила Флорида низ децении наназад. Оваа бура ќе биде животно загрозувачка и екстремно опаснаРик Скот, Гувернер на Флорида
Гувернерот на Флорида Рик Скот прогласи вонредна состојба во 35 окрузи и активираше илјадници членови на Националната гарда на Флорида.
,,Никогаш не сме виделе ваква бура да го погоди овој дел од државата и ураганот Мајкл според прогнозите ќе биде најдеструктивната бура која ја погодила Флорида низ децении наназад. Оваа бура ќе биде животно загрозувачка и екстремно опасна.”
Скот апелираше до граѓаните да не ги игнорираат задолжителните наредби за евакуација, главно во крајбрежните области.
Facebook Forum