Линкови за пристапност

Обновата следен чекор по ударот на Мајкл


Властите регистрираа една жртва на ураганот откако дрво падна врз човек во главниот град на Флорида, Талахаси

Гувернерот на Флорида Рик Скот денеска вети голема помош од неговата администрација откако државата беше погодена од ураганот Мајкл, најсилната бура на континетот во последните 50 години.

,,Ќе бидеме агресивни со обновата и закрепнувањето во следните денови и ќе направиме се што можеме да им помогнеме на заедниците кои што претрпеа штети од разорната бура.”-рече Скот.

Ќе бидеме агресивни со обновата и закрепнувањето во следните денови и ќе направиме се што можеме да им помогнеме на заедниците кои што претрпеа штети од разорната бура
Рик Скот, Гувернер на Флорида

Тој исто така ги повика луѓето во областите погодени од ураганот да останат во своите домови и да им овозможат на екипите за итна помош да ја вршат нивната работа.

Националниот центар за ургани рано денеска го класифицираше Мајкл како тропска бура, истакнувајќи дека максималната брзина на ветрот опаднала под нивото на ураган.

Но, додека ветровите стивнуваат, и натаму остануваат заканите од поплави поради дождовите, вклучувајќи ги и областите кои неодамна беа погодени од ураган по должината на американскиот Источен брег.

Ноќеска бурата беше над Џорџија. Се прогнозира дека ќе забави низ Јужна Каролина, Северна Каролина и Вирџинија пред да стигне до Атланскиот океан во петок наутро. Во овие држави може да паднат 7 до 15 сантиметри дожд.

Властите регистрираа една жртва на ураганот откако дрво падна врз човек во главниот град на Флорида, Талахаси.

Мајкл во средата стигна до копното на Флорида во областа Панхандале, со максимална брзина на ветрот од 249 километри на час, како ураган со силина нешто под петта категорија, која се наоѓа на врвот на скалата која ги опишува јачината и деструктивниот потенцијал на ураганите.

Невремето ги туркаше дрвата и комуналните жици низ градовите во заливот, ги уриваше покривите потопувајќи ја областа под налет на ураганот.

Претседателот Доналд Трамп во комуникација со гувернерот на државата истакна дека федералните служби за помош се на располагање и се подготвени да помогнат во обновата по бурата.

Мајкл предзивика сериозни штети во Западна Куба и во делови од Централна Америка пред да стигне до САД.

Најмалку 13 жртви на ураганот се регистрирани во Ел Салвадор, Хондурас и Никарагва.

Сезоната на атланските ургани започнува во јуни, а завршува на 30 ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG