Линкови за пристапност

Ураганот Мајкл од категорија 4 ја погоди Флорида


Евакуирани повеќе од 2 милиони жители

Ураганот Мајкл ќе ја погоди сојузната држава Флорида како потенцијално катастрофална бура со јачина од 4-та категорија. Националниот центар за урагани јави дека ураганот Мајкл има силина од ветришта од 230 километри на час и оти се движи 130 километри југозападно од Панама сити. Метеоролозите предупредуваат дека ветриштата може да добијат на сила и стане ураган од 5-та категорија

Кулминацијата на ураганот се очекува во попладневните часови и властите очекуваат силина на бурата каква што не била регистрирана од 1851-ва.

Се очекува да донесе поројните дождови севкупно од 10 до 20 сантиметри во делови од сојузните држави Флорида, Алабама и Џорџија, во следните денови.

Гувернерот на Флорида Рик Скот објави дека ураганот Мајкл е најжестока бура врз полуостровот Флорида во последните 100 години. Скот издаде задолжително или волонтерско евакуирање за повеќе од 2 милиони жители во Флорида. Сепак, тој рече дека во оваа фаза, е предоцна за евакуирање.

„Сега кога бурата е во Флорида, не е безбедно да се патува долж оваа сојузна држава“, рече Скот.

Директорот на ФЕМА, федералната агенција за справување со вонредни ситуации, Брок Лонг, предупреди дека „кој одлучил да остане во својот дом, вообичаено не преживува за да каже како поминал“.

Тој појасни дека официјални лица од ФЕМА работат рака под рака со локалните жители за начините за евакуирање, а привремени засолништа веќе се организирани во воздушната база Максвел во Атланта, Џорџија. Вонредна состојба е објавена и за Алабама и за Џорџија.

Околу 2500 припадници на Националната гарда се распоредени да помогнат со евакуациите, додека 4000 се на готовс.

Претседателот Трамп рече дека официјални лица од агенции за вонредни ситуации ќе помогнат во обновата по ураганот.

Националниот центар за урагани објави дека Мајкл треба да ги погоди сојузните држави долж атлантското крајбрежје пред да загуби на сила во петок и да се упати кон отворен океан.

Ефект од ураганот Мајкл во Куба
Ефект од ураганот Мајкл во Куба

Мајкл веќе се истури врз Централна Америка и Куба со поројни дождови, предизвикувајќи поплави и прекин на струја.

Има најмалку 13 жртви поврзани со ураганот Мајкл во Ел Салвадор, Хондурас и Никарагва.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG