Линкови за пристапност

Гранатирани најмалку 118 места за 24 часа во Украина


Според украинското Министерство за внатрешни работи, гранатирањето опфатило 10 региони, повеќе од кога било изминатава година
Според украинското Министерство за внатрешни работи, гранатирањето опфатило 10 региони, повеќе од кога било изминатава година

Русија гранатираше најмалку 118 населени места денес, повеќе отколку во кој било друг 24-часовен период во изминатата година, објави Украина.

Според украинското Министерство за внатрешни работи, гранатирањето опфатило 10 региони.

Во нападите во текот на ноќта наводно загинале две лица, едно во регионот на Харкив и друго во регионот Херсон, според локалните власти.

Во дневните напади загинале 59-годишна жена, а повредени биле уште четворица во јужниот град Никопол, а во напад во Запорожје загинал 52-годишен маж.

Украина, исто така, соопшти дека Русија нападнала рафинерија за нафта во индустрискиот град Кременчук, а речиси 100 пожарникари со часови се обидувале да го изгаснат огнот.

Нема информации за жртви во тој удар.

Украинските сили не успеаја да направат значителен напредок на првата линија во нивната контраофанзива.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски во изјавата вчера ги бранеше воените стратегии, велејќи дека очекувањата за брз успех не се реални и дека некои достигнувања се земаат здраво за готово.

Русија го зголемува домашното производство на оружје и бара поддршка од странските сојузници.

Според Асошиетед прес, јужнокорејскиот пратеник Јо Санг-бум денес рекол дека разузнавањето во Сеул смета оти Северна Кореја испорачала повеќе од милион артилериски гранати во Русија преку бродови и други начини на транспорт од почетокот на август за да помогне во зајакнувањето на руските борбени способности во Украина.

Украина, исто така, се обрати до своите сојузници за поддршка, при што западните земји продолжуваат да обезбедуваат милијарди долари помош и воени материјали.

Дел од информациите во текстот се од Асошиетед прес и агенцијата Франс-прес

XS
SM
MD
LG