Линкови за пристапност

Камала Харис ќе разговара за Израел и Украина со премиерот Сунак во Лондон


Американската потпретседателка ќе одржи и говор за вештачката интелигенција, изјави денес претставник на Белата куќа
Американската потпретседателка ќе одржи и говор за вештачката интелигенција, изјави денес претставник на Белата куќа

Американската потпретседателка Камала Харис ќе разговара за конфликтот меѓу Израел и Хамас и „ќе се консултира за следните чекори во нашата поддршка за Украина“ со британскиот премиер Риши Сунак за време на посетата на Лондон подоцна оваа недела, изјави денес претставник на Белата куќа.

Харис ќе одржи и говор за вештачката интелигенција.

Денес администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави извршна наредба за да се намалат ризиците што вештачката интелигенција ги претставува за потрошувачите, работниците, малцинските групи и за националната безбедност.

Согласно наредбата, развивачите на системи за вештачка интелигенција кои претставуваат ризик за националната безбедност, економијата, јавното здравје или безбедноста на САД, ќе треба да ги споделат резултатите од безбедносните тестови со американската влада, пред да бидат објавени во јавноста.

Исто така, ги насочува агенциите да постават стандарди за тоа тестирање и да се осврнат на поврзаните хемиски, биолошки, радиолошки, нуклеарни и сајбер ризици.

Овој потег е најновиот чекор на администрацијата да постави параметри околу вештачката интелигенција, како што брзо напредува со досега ограничена регулатива.

XS
SM
MD
LG