Линкови за пристапност

Зеленски предупреди на преголеми очекувања


Украинската контраофанзива започната во јуни постигна само ограничен успех и покрај заземањето неколку села на исток и југ
Украинската контраофанзива започната во јуни постигна само ограничен успех и покрај заземањето неколку села на исток и југ

Претседателот на Украина Володимир Зеленски предупреди да не се очекува пребрзо преголем успех во кампањата на Украина за враќање на окупираните земји, како што војската рече дека руските сили се подготвуваат за нови напади во различни делови од фронтот.

Украинската контраофанзива започната во јуни постигна само ограничен успех и покрај заземањето неколку села на исток и југ.

Зеленски претходно ги отфрли критиките, главно од западни извори, дека контраофанзивата се одвива премногу бавно, велејќи дека војната не е слична на сет на холивудски филм.

И додека ги поздрави украинските офанзивни потези кои ги ограничија операциите на руската Црноморска флота, тој рече дека никој не треба да очекува брзи успешни приказни во одбивањето на 20-месечната инвазија на Русија.

„Современиот свет е поставен на таков начин што премногу брзо се навикнува на успех. Кога започна целосната агресија, многумина во светот не мислеа дека Украина ќе издржи“, рече Зеленски во своето ноќно видеообраќање.

Руските извештаи за борбите велат дека московските сили извршиле успешни напади во близина на градот Бахмут - главно уништен град кој беше заземен од руските сили во мај.

Ројтерс не можеше да ги потврди извештаите за борбите од ниту една страна.

XS
SM
MD
LG