Линкови за пристапност

Европа мора да биде континент без војна, вели Зеленски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски гестикулира по неговото обраќање во Долниот дом на парламентот Бундестаг во Берлин, Германија, 11 јуни 2024 година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски гестикулира по неговото обраќање во Долниот дом на парламентот Бундестаг во Берлин, Германија, 11 јуни 2024 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера имаше емотивно обраќање пред пратениците во германскиот Бундестаг, говорејќи за долгата историја на војна во Европа, која им го ускрати мирот на генерации Европејци.

„Затоа сонот за Европа што мора да биде континент на културата, мора да биде континент на луѓе, мора да биде континент без војна, се здоби со многу сила“, рече тој.

„Јас лично имам доверба во ваква Европа“.

Украинскиот лидер рече дека рускиот претседател Владимир Путин мора да биде одговорен за руската војна против Украина.

„Времето за компромиси заврши“, рече Зеленски.

„Готово беше точно кога Путин почна да пали градови и да ги наградува своите убијци. Кога избра убиства наместо договори“.

На Украина ѝ е потребна воздушна одбрана, вели Зеленски. На друго место во вторникот, Зеленски зборуваше на конференцијата за реконструкција организирана од Германија, каде што ја истакна потребата од воздушна одбрана и обнова на енергетскиот систем на Украина.

Тој рече дека руските напади со беспилотни летала и ракети уништиле половина од капацитетот за производство на енергија во земјата од зимата.

Тој рече дека по две години војна, украинската војска покажала дека може да ги држи првите линии на фронтот и да го задржи пристапот до Црното Море.

„Најголемата стратешка предност на Русија во однос на Украина е супериорноста на небото. Теророт со проектили и бомби е тој што им помага на руските трупи да напредуваат на теренот“, рече Зеленски.

„Воздушната одбрана е одговорот“.

Конференцијата во Берлин се одржува неколку дена пред мировната конференција во Швајцарија на која 90 земји и организации ќе работат на рамка за спроведување на мировниот план и како да се вклучат Русија и Украина во мировниот процес.

Русија не присуствува на преговорите во Швајцарија.

Самитот на лидерите на НАТО е закажан за почетокот на јули во Вашингтон.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, изјави во вторникот во Рига, Латвија, дека очекува сојузниците на самитот да се согласат на „долгорочна финансиска посветеност на Украина“.

Столтенберг им рече на новинарите во Латвија дека сојузниците на НАТО веќе обезбедуваат 99 отсто од воената поддршка на Украина, така што има смисла самата алијанса да игра поголема улога во координирањето на напорите и спречувањето на празнините во испораката на помош за украинските сили.

Некои информации се од агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG