Линкови за пристапност

ОН: Мрачни сценарија за светската економија


ОН: Мрачни сценарија за светската економија
ОН: Мрачни сценарија за светската економија

Конференцијата на ОН за трговија и развој излезе со мрачна оценка за сликата на светската економија. Се предупредува дека Европа се соочува со тотална рецесија следната година и најдоброто сценарио е САД и Јапонија да се надеваат на период на стагнација.

Конференцијата на ОН за развој и трговија ги повика нациите да се пренасочат од мерките за штедење кон политика која е фокусирана на стимулирање растеж. Сепак, директорот за глобализација и развојни стратегии при организацијата Хајнер Флесбек, вели дека сите влади во светот одлучиле да го направат спротивното.

Тој рече дека политичките лидери претпочитаат рестриктивни фискални политики наспроти економски стимулативни мерки. Тој предупреди дека одлуката креира состојба состојба во која секој е во опасност да западне во рецесија:

“Секаде се чувствува забавеност, и пад на индустриското производство. Значи, нема излез. Ако три најсилни развојни региони во светот не се во можност да стимулираат растеж, тогаш сите ќе западнеме во длабока рецесија или најмалку, во состојба на трајна стагнација, или дефлација, од каде нема враќање во економски растеж.

Флесбек потенцира дека јапонската економија се наоѓа во дефлациона состојба веќе 20 години. Според него, тоа резултирало со две загубени децении.

Вишиот економист при ОН вели дека потрошувачката на приватни лица е најважна компонента за растежот во Јапонија, еврозоната и во САД. Нема да уследи заживување на економијата, ако нема зголемување на потрошивачката во тие области, вели тој.

Тој вели дека постои политички консензус дека фискалната политика треба да остане на патот што го трасираат мерките за штедење. Некои политичари, вели тој, погрешно размислуваат дека единствен начин да се поврати довербата е со кратењето на дефицитот:

„Во реалноста, всушност нема да го скратиме јавниот долг. Има само обид да се намали јавниот дефицит. Владите се премногу гломазни, и очекуваат нивните приходи да останат како и порано. Тоа нема да се случи. Приходите ќе се намалуваат и нема да има намалување на дефицитот. Ако не можете да влијаете врз намалување на дефицитот, не можете да ја повратите довербата, Значи, од самиот почеток, идејата е осудена на пропаст“.

Економистот при организацијата вели дека ќе биде потребен подолг период пред рецесијата да ги удри развиените земји. Но, кога ќе се случи тоа, ќе има тешки последици врз најранливите - најмалку развиените земји во светот.

Тој вели дека најверојатно државите не ја научиле лекцијата од 1930-тите, кога рецесијата цветаше. Тој рече дека е застрашувачки да се гледа како нациите не може да се договорат за координиран план за стимулирање на светскиот економски растеж.

XS
SM
MD
LG