Линкови за пристапност

„Епл“ најави 500 милијарди долари инвестиција во САД и 20.000 работни места


„Епл“ најави 500 милијарди долари инвестиција во САД и 20.000 работни места
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

„Епл“ објави инвестиција од 500 милијарди долари во САД и 20.000 нови работни места, сигнализирајќи ја својата про-американска страна. Најавата доаѓа после намерите на Трамп да ги зголеми царините кон Кина, каде се произведуваат голем дел од уредите на „Епл“. Известува Мишел Квин.

Многу „Ајфон“ уреди и други производи на „Епл“ се направени во Кина. Во последниве години, „Епл“ го прошири своето производство во други земји како Виетнам и Индија. Но, не толку и во САД.

Тоа се менува. „Епл“ соопшти дека во текот на наредните четири години ќе инвестира 500 милијарди долари во САД – со планови кои вклучуваат изградба на објект во Тексас за производство на сервери за вештачка интелигенција – и ќе се обврзе да создаде 20.000 работни места во САД.

Најавата на „Епл“ следи по состанокот помеѓу извршниот директор Тим Кук и претседателот Доналд Трамп. Производителот на „Ајфон“ е меѓу американските фирми кои неодамна најавија домашни инвестиции и отворање нови работни места.

„Тие наместо таму ќе градат тука, бидејќи не сакаат да плаќаат царини“, истакна Трамп.

Во објавата на социјалните мрежи, Трамп ја двојно ја зголеми универзалната царина од 10 отсто наметната на Кина, која стапува на сила во вторник.

Набљудувачите велат дека потегот на „Епл“ е дел од трендот на компанијата за диверзификација на синџирот на снабдување, и не е поврзан со царините на Трамп за Кина.

„Тие веќе неколку години се во процес на оддалечување на производството од Кина...“ Сè уште има значителна сума во Кина. Но, тука има тренд кој е јасен, и мислам дека Apple ќе продолжи со тоа“, вели Бил Рајнш од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Додека голем дел од плановите на „Епл“ беа познати, компанијата ја сигнализира својата про-американска политика за работни места и инвестиции, приоритет за администрацијата на Трамп.

„Тие само ја користат можноста да ги искористат соопштенијата за медиумите за да добијат поголема јавна изложеност за многу работи што веќе ги трошеа и очигледно добро се усогласуваат со про-американската политика“, додава Бен Бајарин од „Криејтив Стратеџис“.

Како дел од својата американска инвестиција, „Епл“ соопшти дека ќе ги произведува своите напредни силиконски чипови во фабриката на тајванската компанија за производство на полупроводници, која е лоцирана во Аризона.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG