Линкови за пристапност

Помалку луѓе бараат помош поради невработеност


Помалку луѓе бараат помош поради невработеност
Помалку луѓе бараат помош поради невработеност

Бројот на најниско ниво последниве 3,5 години.

Бројот на новопријавени Американци за социјална помош поради невработеност е на најниско ниво последниве 3,5 години, што дава надеж дека се подобрува ситуацијата на американскиот пазар на труд.

Владиниот оддел за труд денес објави дека бројот минатата недела се намалил за 19.000 на 366.000, што е најнизок износ од мај 2008-ма.

Неделава, Федералните резерви соопштија дека економијата забележала умерен растеж, а претходно месецов стапката на невработеност падна на 8,6%, што е најнизок износ во последниве две години и повеќе.

Па сепак, се` уште има причини за загриженост. Според денешниот извештај на Одделот за труд, речиси 7 милиони Американци се` уште примаат некаков вид на помош поради невработеност. Друг, одвен извештај од истиот владин оддел покажува дека цените на прехранбените артикли во малопродажбата нараснале за 0,3%.

XS
SM
MD
LG